Home Спорт Барса спреми сензационална понуда за Мбапе

Барса спреми сензационална понуда за Мбапе

Барселона сака да ја искористи тешката ситуација во која се наоѓа ПСЖ со Финансискиот фер-плеј и да им ја „украде“ една од најголемите ѕвезди.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците спремаат сензационална понуда за најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе. Имено, од „Камп Ноу“ се подготвени да понудат 150 милиони евра плус Филипе Кутињо за потписот на Французинот.

ПСЖ за да ги израмни сметките ќе мора да продава играчи во вредност од најмалку 170 милиони евра, во спротивно ќе се соочи со казна од УЕФА, односно исфрлање од Лигата на шампионите.

Барселона е спремна да го „жртвува“ Кутињо за да го добие потписот на Мбапе. Притоа, доколку се реализира овој трансфер ќе се „затвори“ евентуалното заминување на Нејмар во Реал Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…