Home Спорт БАРСА ПРАВИ ДРИМ-ТИМ: Следен е Гризман, само Меси ќе биде над него!

БАРСА ПРАВИ ДРИМ-ТИМ: Следен е Гризман, само Меси ќе биде над него!

Вчера во претставија своето најскапо засилување во историјата, Филипе Кутињо, а веќе денес медиумите во Шпанија пишуваат за новото мега-засилување на Барселона.

Имено, шпанските медиуми се убедени дека Барселона за следното лето спрема уште еден мегатрансфер, а станува збор за Антоан Гризман!

Од Барселона се спремни да испратат понуда која Французинот нема да може да ја одбие. Имено, „Кадена Сер“ пренесува дека Каталонците ќе му понудат годишна плата од 15 милиони евра, а во моментов на „Камп Ноу“ само Меси заработува повеќе.

Само за споредба, Гризман во моментов во Атлетико Мадрид заработува 6,5 милиони евра по сезона и е трет најплатен играч после Коке и Диего Годин.

Минатото лето Гризман одби да го напушти Атлетико поради казната за трансфери која ја имаа „јорганџиите“, но јасно е дека на крајот на сезоната ќе ја промени средината.
Во неговиот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра, која воопшто нема да биде проблем за Каталонците.

Единствена закана за Барселона во моментов претставува Манчестер Јунајтед кој исто така силно го посакува Французинот. Сепак, Каталонците се убедени дека со понудата од 15 милиони евра по сезона ќе го натераат Гризман да го избере „Камп Ноу“ пред „Олд Трафорд“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…