Барса покрена жалба за теренот, Пике изјави: Ова е вистински срам!


1/8 финале на СП: Мегваер пак е главна тема - 15 ден ↓↓↓



Барселона синоќа потешко од очекуваното победи на гостивањето кај Ваљадолид, а после мечот потврди дека ќе поднесе официјална жалба за состојбата на теренот.

Каталонскиот тим се жали дека било „невозможно да се игра на таква подлога“, а претседателот на Ла Лига, Тебас потврди дека ќе биде отворена истрага за теренот.

Без влакна на јазикот беше дефанзивецот на Барса, Жерар Пике кој упати жестоки критики.

„Ова беше натпревар кој го одбележа теренот на кој се одигра истиот. Ако сакаме да продаваме фудбал и да ги носиме натпреврарите во Америка, прво треба да погледнеме што имаме дома. Ова е вистински срам. Беше навистина непристојно за играње, не станува збор дали може да се игра фудбал, или не, се прашуваме дали фудбалерите ќе се повредат на овој терен. Се надевам дека одговорните ќе обрнат внимание и дека ќе го решат, бидејќи ова беше срамно“, истакна Пике.