Home Спорт Барса покорена во Мадрид – Реал се врати на врвот во „Ла Лига“

Барса покорена во Мадрид – Реал се врати на врвот во „Ла Лига“

На синоќешниот дерби дуел познат како „Ел Класико“ во рамки на шпанската „Ла Лига“ Реал Мадрид со 2:0 ја клекна Барселона на колена во Мадрид.

Натпреварот започна со силен ритам од самиот почеток се играше интезивно со шанси на двете страни, меѓутоа по првите 45 минути гол не видовме.

Во вториот дел Реал беше по конкретен, најсериозно се закани Иско и тоа на два пати во неколку минути. При неговиот втор обид Тер Штеген веќе беше совладан, но од гол линијата спаси Жерар Пике.

Моментот на одлука се случи во 71. минута кога Винисиус Жуниор доби една топка од Тони Крос која ја искористи на најдобар начин и го совлада Тер Штеген. Со овој гол Винисиус стана првиот играч роден после 2000 година кој постигнал гол во едно „Ел Класико“.

Точка на натпреварот стави „отпишаниот“ Маријано Диаз кој после само некоја минута на теренот во првиот настап сезонава и при првиот допир со топката на натпреварот погоди за 2:0.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…