Барса плаќа, не прашува: Наследникот на Нејмар искеширан 150 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реномираното каталонско радио RAC 1 штотуку ја пренесе информаијата дека Барселона постигнала договор со Борусија Дортмунд и дека Осман Дембеле ќе премине на „Камп Ноу“ за неверојатни 150 милиони евра.

Се уште не е познато дали Барселона тоа ќе го исплати оддеднаш, или заедно со одредените бонуси, а познато е дека Дортмунд беќе одби една понуда вредна 110 милиони евра.

Ова е неверојатен подвиг за „Милионерите“ кои пред само една година го донесоа од Рен за 15 милиони евра.

Инаку од предмалку, на профилот на Дембеле на инстаграм, повеќе не стои дека е фудбалер на Борусија Дортмунд, што е уште една потврда пред официјалното претставување.