Home Спорт Барса одлучи на кој играч да му ја понуди 10-ката од Меси

Барса одлучи на кој играч да му ја понуди 10-ката од Меси

Барселона одлучи на кој играч да му го понуди дресот со број 10, на истиот тој кој со години беше во лоши односи со Меси. Мундо Депортиво пишува дека веројатно ќе ја земе Кутињо.

Откако Лео Меси замина во ПСЖ десетката остана без сопственик, но нема да биде за долго доколку Кутињо, за кој се тврди дека ќе остане во Барса, ја прифати понудата.

Во клубот се надеваат дека Кутињо ќе стане еден од клучните играчи во тимот, а тоа го докажува и нудењето на бројот 10.

Кутињо во Барселона пристигна од Ливерпул во 2018. година во трансфер вреден 135 милиони евра, а откако не успеа да се избори за своето место во тимот беше испратен на позајмица во Баерн со кој во сезона 2019/20 ја освои тројната круна.

За Барселона одигра 90 натпревари, постигна 23 погодоци и запиша 14 асистенции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…