Home Спорт Барса на чекор од големо засилување!

Барса на чекор од големо засилување!

Преговорите се закажани, следи договор за цената, но приказната која се провлекуваше од почетокот на летото изгледа беше точна.

Состанокот е закажан, Белерин ги договорил личните услови со Барселона. Останува да се види реакцијата на Арсенал и Венгер кој имаше големо влијание на Шпанецот и го направи трет најплатен играч во клубот.

Она што во овој момент се знае е дека семејството на младиот фудбалер веќе се вратило во Барселона, па тој нема намера да остане сам во Лондон.

Белерин ќе мора да го чека договорот помеѓу клубовите, секако ако Арсенал прифати да преговара, доколку се случи спротивното наводно е спремен и на радикални чекори, пишува Спортски.мк.

Проблем е цената. Арсенал бара 50 милиони, додека Барселона најмногу може да понуди 40 со дополнителни бонуси. Во секој случај, се очекува и Венгер да попушти бидејќи споменатите 40 милиони би можел да ги искористи да го доведе Квардадо од Јувентус.

Во формацијата 3-5-2, Колумбиецот би можел да ја покрива десната страна, сепак прашање е дали Јувентус би се согласил да го продаде. Но, доколку „Старата дама“ го реализира трансферот на Бернардески од Фиорентина, веројатно Квардадо би можел да си бара нов клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…