Home Спорт Барса ја одреди цената за Ракитиќ, Интер започна преговори

Барса ја одреди цената за Ракитиќ, Интер започна преговори

Од таборот на Интер полека се подготвуваат за следната сезона, па веќе од сега ја кројат листата на потенцијални летни засилувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „нероаѕурите“ ова лето ќе биде играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, кој важи за многу близок до управата на Барселона, обелодени дека шпанскиот шампион е подготвен за разделба од Ракитиќ и веќе ја одреди цената.

Имено, Каталонците се спремни да го продадат Хрватот доколку пристигне понуда од 50 милиони евра. Ракитиќ неодамна наполни 31 година и ова е последна можност добро да се наплати неговиот трансфер.

Интер е клубот што покажува најсериозен интерес за хрватскиот репрезентативец, но „нероаѕурите“ сигурно ќе имаат и конкуренција во ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Поради тоа раководството на Интер веќе ги започнале преговорите со неговиот агент и сакаат што е можно побрзо да го договорат трансферот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…