Барса го прегази Атлетико со 4:2


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона конечно ги израдува своите фанови со одлична игра и запиша висока победа над Атлетико Мадрид во дербито на „Камп Ноу“ (4:2).

Атлетико дојде до водство во 7-та минута со голот на Караско, а потоа следуваше мајсторија каква Камп Ноу одамна не видел.

Дани Алвеш испрати центаршут, а Алба постигна спектакуларен гол со волеј. Само неколку минути подоцна Гави погоди за целосен пресврт после центаршут на Адама Траоре.

Одличната игра на Каталонците во првиот дел ја круниса Араухо со гол за 3:1, резултат со кој се замина на одмор.

На самиот старт на второто полувреме Дани Алвеш погоди за 4:1. Меѓутоа, Луис Суарез неколку минути подоцна намали на 4:2.

Алвеш потоа доби црвен картон поради груб старт, но Барселона успеа да ја контролира играта и со играч помалку.

Адама Траоре играше во стартниот состав и одигра одлично, додека Обамејанг дебитираше во последните дваесетина минути.