Бараат ергени за домазети: Бразилско село населено само со жени меѓу 20 и 35 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилското село Ноива де Кордеиро е уникатно во светски рамки по демографската состојба на неговото население. Таму живеа околу 600 жители, сите до една жени, најголем дел на возраст меѓу 20 и 35 години. Мажите од околните локални градови овие жени ги опишуваат како „дами со импресивна убавина” кои имаат потреба од мажи.

Ситуацијата е таква каква што е бидејќи девојките го напуштаат селото кога ќе стана полнолетните, а мажите кои работат во околните градови навраќаат само за викендите. Поради ваквиот недостаток на машко население, младите жени од ова бразилско село упатија јавен повик до сите заинтересирани слободни мажи кои сакаат да се преселат во нивното село за да ги задоволат нивните потреби.

Овие „несреќни“ убавици нема со кого да склучат брак. Таму единствените мажи се или во брак, или нивни роднини. „Сите сме од една крв, поради што одамна не сум бакнала маж”, вели 23-годишната Нина.

Затоа девојките решиле да ги повикаат сите заинтересираните ергени да заживеат во нивното село. Но многу претставници на посилниот пол се плашат да отидат на место каде што владеат женски правила. “Живееме во хармонија. Кога нема мажи, сме многу помирни, бидејќи се обидуваме да разрешиме секој конфликт со заедничка согласност”, раскажува 49-годишната Росана.

„Но сонувам да се заљубам. Сакаме да го продолжам животот тука, а не да го напуштам селото, за да се најде маж. За тоа бараме мажи кои се подготвени да го остават нивниот живот и да станат дел од нашиот”, додаде Нина.