Кинеските милионери прв пат доминантни – ги надминаа американските милионери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според статистичките податоци кои со свое истражување ги доби и објави швајцарската банка Credit Suisse, бројот на милионер во светски рамки оваа година е зголемен за 1,1 милиони. Она што е интересно како податок е дека за прв пат во историјата, бројот на милионерите од Кина е поголем од бројот на богати Американци.

Годишното истражување за богатството на Credit Suisse покажува дека во средината на оваа година, првите 10 проценти од најбогатите во светот се 100 милиони Кинези во споредба со 99 милиони во САД.

„И покрај трговските конфликти меѓу САД и Кина во изминатите 12 месеци, обете држави постигнаа силен напредок во креирањето на богаташи, заработувајќи 3,8 милијарди долари односно 1,9 милијарди долари“, соопшти директорот за истражување на светската економија во Credit Suisse, Нанет Хехлер-Фајдбербе.

Бројот на милионери во светот се зголеми за 1,1 милиони на 46,8 милиони, со вкупна нето вредност од 158,3 милијарди долари, што е 44 проценти од вкупниот светски износ.

Во САД се создадени половина од вкупно 675.000 нови милионери.

Падот на просечното богатство во Австралија, во најголем дел заради девизните разлики, се намали за 124.000 милионери. Велика Британија изгуби 27.000 милионери, додека во Турција се намали за 24.000.

Според истражувањето се проценува дека 55.920 луѓе имаат најмалку 100 милиони долари, додека 4.830 поседуваат нето средства над 500 милиони долари.

Глобалното богатство, кое се зголеми за 2,6 проценти минатата година, ќе се зголеми за 27 проценти во текот на следните пет години на 459.000 милијарди американски долари до 2024 година, прогнозира Credit Suisse. Бројот на милионери, исто така, ќе се зголеми во текот на овој период на близу 63 милиони.

Во светот, 56,6 проценти од луѓето поседуваат помалку од 10.000 американски долари, 32,6 проценти од лицата поседуваат меѓу 10.000 и 100.000 долари, 9,8 проценти од луѓето поседуваат меѓу 100 000 и 1 милион долари, додека 0,9 проценти од светската популација поседува скоро половина од светското богатство .