Балотели брутално го исмеа Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера славеа убедлива победа на стадионот на својот најголем ривал и ја зголемија предноста над Реал Мадрид на цели 14 бода.

После натпреварот многумина едвај дочекаа шанса да го „пецнат“ Реал Мадрид, а еден од нив беше и Марио Балотели.

Контроверзниот Италијанец испрати „брутална“ порака до „кралевите“.

„Барселона е единствениот клуб на светот кој има два стадиони. Камп Ноу за натпревари, а Сантиаго Бернабеу за тренинзи“, напиша Балотели на социјалните мрежи.