Баерн најави радикални промени: Ќе ги редуцираме трансферите!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен на крајот на сеозната ќе остане без двајца многу важни играчи, откако капитенот Филип Лам и Чаби Алонсо најавија крај на кариерата.

Иако сите очекуваат дека Баерн ќе донесе големи засилувања да ги замени Лам и Алонсо, сепак претседателот на Баварците, Ули Хенес најави враќање на старата стратегија. Имено, клубот нема повеќе да купува ѕвезди туку ќе се сврти кон младинскиот погон.

Во договор со тренерот Карло Анчелоти Баерн ќе се сврти кон развој на сопствените млади играчи кои во иднина треба да бидат носители на играта на Баварците.

„Започнува ново поглавје за Баерн. Ќе ги редуцираме трансферите со цел да ги развиеме нашите играчи. Но, немојте да заборавите дека ние веќе купивме млад дефанзивец, Никлас Шуле, кој ќе има голема иднина“, изјави Хенес.

Покрај Шуле, Баварците го договорија и трансферот на Себастиан Раду кој би требало да биде замена за Алонсо, а во тимот го имаат и младиот Џошуа Кимич кој важи за еден од најталентираните фудбалери во Германија и Европа.