’БАБА ГО ВОЗЕЛА’: Не можела да спие, па излегла да се „издува“ со Поршето! (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


79-годишна госпоѓа се нашла со обвинение пред судот бидејќи била снимена како вози „скромни“ 240 километри на час со своето Porsche Boxter GTS.

Како што изјавила пред судијата, „не можела да спие“, па излегла малку „да го излуфтира мозокот“.

Бабата била фатена како го „стега“ своето Porsche во јуни минатата година, но дури сега се најде пред судијата за такви прекршоци, кој ја прашал дали навистина таа била зад управувачот од возилото.

Бабата изјави дека таа возела, дека не била свесна оти вози толку брзо, но не се противела на казната.

Со оглед на тоа дека претходно не била казнувана, добила забрана за управување со возило од три месеци и парична казна од околу 4.000 евра.

Во контекст на приказната за оваа бесна бабичка, еве и едно видео кое од малку поинаква перспектива го перцепира митот за зачуван автомобил од огласите за продажба на автомобили на старо дека „баба ја возела колата“.