Прстите ви побелуваат на студено? Причината можеби е Рејноовиот феномен
Студените дланки и стапала во зима често ги сметаме за нормална појава. Но, ако прстите побелуваат, потоа помодруваат и на крај поцрвенуваат, тоа може да укажува на Рејноов феномен — состојба при која малите крвни садови претерано реагираат на студ и на стрес.