Слабост им е теретаната: Каков татко, таков син – крвта вода не бидува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џозеф Баен, вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер, очигледно јако нагазил по стапките на својот татко кога станува збор за одржувањето на телесната форма и вежбањето во теретана.. Доказ дека е посветен на вежбањето е секако неговата фигура, а го издаде татко му објавувајќи заедничка фотографија со која патем му го честиташе и роденденот.

Тие заедно вежбале во теретана и на денот кога синот на еден од најпознатите актери во светот наполнил 20 години.

„Среќен роденден Џозеф! Ти си фантастичен син и прекрасен партнер за тренинг. Секој ден стануваш се посилен и попаметен и многу сум горд на тебе. Те сакам“, напиша славниот актер и поранешен политичар на социјалните мрежи.

Џозеф Баен е син на Арнолд Шварценегер и Милдред Баен, која беше куќна помошничка во неговиот дом додека тој беше во брак со Марија Шрајвер.