Home Актуелно Топол и сончев есенски ден

Топол и сончев есенски ден

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови со умерен до засилен западен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 10, а максималните од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од 9 до 26 степени.

Во петок во поголем дел од денот времето ќе биде претежно сончево и топло. Значителна промена на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени.

На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска височина. Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.

Добијте го бонусот само со еден клик! Прочитајте повеќе на  Kladenje.mk.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…