Ана Ивановиќ со елегантен изглед го привлече вниманието на свечениот бал во Франкфурт
Поранешната светска тенисерка број еден беше специјална гостинка на Балот на германскиот спортски печат, каде што ѝ врачи признание на Анжелик Кербер. Нејзиниот изглед на црвениот тепих предизвика бројни пофалби и на социјалните мрежи.