Чизмите над колена повторно се враќаат во мода – најголемиот тренд на сезоната
Чизмите над колена повторно се во центарот на вниманието и најавуваат сезона во која елеганцијата, женственоста и практичноста ќе одат рака под рака. По периодот во кој предност имаа чизмите до колена и моделите до глужд, на голема врата се враќа обувка што на секоја комбинација ѝ дава впечатлив карактер. Но, овогодишното враќање носи малку поинаква модна приказна.