Home Актуелно Грк кој тврдел дека има коронавирус им плукнал во лице на 14 полицајци – сите ставени во карантин

Грк кој тврдел дека има коронавирус им плукнал во лице на 14 полицајци – сите ставени во карантин

Четиринаесет припадници на грчките полициски служби беа ставени во карантин после инцидентот кој се случи во Атина, во кој маж кој тврди дека е заразен со корнавирус, им плукнал во лице, пренесува грчката агенција АНА.

Како што се наведува, 26-годишниот маж е уапсен вчера во јужниот дел на Атина, поради кршење на ретровизори на втомобили.

Тој им рекол на полицајците дека во Атина неодамна се вратил од Лондон и дека со тестови е потврдено дека е позитивен на коронавирус. Меѓу обвиненијата подигнати против него е и поради непочитување на обврската за самоизолација во период од 14 дена

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…