Home Шоубизнис Харви Вајнстин позитивен на тест за коронавирус – паника во затворот каде отслужува казна

Харви Вајнстин позитивен на тест за коронавирус – паника во затворот каде отслужува казна

Позитивниот тест со наод за присуство на коронавирус кај Харви Вајнстин предизвика паника во затворот кадешто тој ја отслужува затворската казна за сексуална злоупотреба, објави „Ројтерс“.

68-годишниот Вајнстин е во изолација во затворот Венде во Бафало, изјавил официјален претставник на полицијата. Истиот извор порачал дека неговите резултати од тестирањето пристигнале викендов и дека сега сите се загрижени за здравјето на затворските службеници , кој како што тој истакнал немаат заштитна опрема.

Неколку затворски службеници се веќе во карантин.

Вајнстин во средата бил пренесен во затворот со максимално обезбедување во Бафало, од затворот Рајкерс во Њујорк.

Богатиот продуцент инаку на 11 март поради сексуално злоставување и силување е осуден на казна затвор во траење од 23 години. Покрај Вајнстин во затворот Венде во Бафало на коронавирус се позитивни уште двајца затвореници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…