Втора жртва на коронавирусот во Македонија – почина 63-годишен заразен пациент од Дебар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Министерството за здравство информираа дека во текот на изминатата ноќ, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, почина пациент заболен од коронавирус – втор случај на смрт како последица на коронавирусот во Македонија.

Станува збор за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал.

Пациентот немал позната историја на коморбидитет.