Home Шоубизнис Арнолд Шварценегер во соработка со Tik Tok донираат пари за

Арнолд Шварценегер во соработка со Tik Tok донираат пари за

Арнолд Шварценегер во соработка со социјалната видео платформа Tik Tok ќе помагаат во хранењето на децата кои сега имаат еден оброк помалку, бидејќи не им следува оброк во училиштата поради тоа што САД одлучи да ги затвори поради пандемијата на коронавирусот која го тресе светот.

Интернет платформата донирала 3 милиони фунти во фондацијата на Арнолд Шварценегер „After-School All-Stars“, која обично финансира програми за деца во училиштата, но поради затворањето на училиштата предизвикано од пандемијата на коронавирусот, поранешниот гувернер на Калифорнија дошол до идеја со овие пари да им обезбеди оброци на учениците.

-Заради кризата со коронавирусот, децата ги пративме дома, па наместо школски програми мислевме дека би било супер да можеме да им обезбедиме храна на тие семејства. Секако, можете да ги имате најдобрите идеи на светот, но ако немате пари, немате ништо… Значи, Tik Tok дојде и рече дека ние сме тие кои ќе донираат милиони долари помош за прехрана на тие семејства- рекол Шварценегер во видео снимка на Tik Tok.

Со тоа фондацијата ќе испорача храна и бонови за намирници до семејствата на кои тоа им е потребно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Добива три пензии, а еве што завршила – ќе ве изненади нејзината професија Ана Бекута

Животната приказна на Ана Бекута е полна со подеми и падови. Познато е дека нејзиниот син …