Хилари Свонк е бремена на 52 години: Оскаровката го очекува третото дете и испрати силна порака до жените
Хилари Свонк (52) ја израдува јавноста со убави вести – го очекува третото дете со сопругот Филип Шнајдер. Добитничката на два Оскари оваа радосна вест ја соопшти на 14 октомври, изненадувајќи многу обожаватели ширум светот. Особено внимание привлече тоа што веднаш по објавата го покажа трудничкиот стомак. Актерката, која веќе е мајка на близнаците Аја и Ом, родени во април 2023 година, повторно влегува во едно од најпосебните животни поглавја.