„Драјв-ин“ исповедување – вака го прави тоа еден свештеник во Полска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полски свештеник смислил да ги исповедува своите верници „на поминување“, поточно на паркинг пред неговата црква во Варшава. На овој начин тој сака да им овозможи на верниците да побараат прошка за гревовите во времето на коронавирусот и пред Велигден.

Свештеникот Матеуш Килеарски седи на паркингот и, заштитен со маска, ги слуша верниците кои се исповедаат од прозорецот на автомобилот.

„Од безбедноста на возилото, тие можат да се грижат за својата душа и во исто време да ги заштитат своите тела од заразата во овие тешки времиња“, рече тој.

Драјв-ин исповедите се исто така организирани во неколку американски држави.

Илјадници католици од петок го одбележуваат Велигден, еден од најважниот празник во христијанскиот календар, во време на сериозни ограничувања во општествениот живот како резултат на ширењето на коронавирусот.

FILE PHOTO: A priest wearing a protective mask gives a “drive-in confession” in front of a church following the coronavirus disease (COVID-19) outbreak in Warsaw Poland, April 6, 2020. Adam Stepien/Agencja Gazeta via REUTERS/File Photo ATTENTION EDITORS – THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. POLAND OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN POLAND.

Во Полска, една од најрелигиозните држави во Европа, забрането е собирање на повеќе од две лица и само пет лица имаат право да присуствуваат на миса.

Ваквиот начин на практикување го прифати и свештеник од Брајтон , Британија во парохијата Сент Патрик.