Home Вебкафе Вухан спектакуларно го прослави излегувањето од колективен карантин

Вухан спектакуларно го прослави излегувањето од колективен карантин

Кинескиот милионски град Вухан, од каде што почна да се шири епидемијата на коронавирусот, од вчера офицјално веќе не е под карантин.

Вухан беше епицентар на коронавирусот кој потоа се прошири низ целиот свет. Досега се заразени скоро 1,5 милиони луѓе, а починаа повеќе од 82.000.

Во Вухан од вчера е укинат задолжителниот карантин и сите останати забрани, па животот се враќа во нормала. Укината е и забраната за излегување од градот.

По повод укинување на карантинот, градот огранизираше импресивен лајт-шоу во различни бои, а облакодерите во центарот на градот беа осветлени со пораката „Здраво, Вухан“.

Голем број луѓе со своите автомобили и со возови отпатуваа надвор од градот.

Вухан е главниот град во провинцијата Хубеи во Кина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…