Home Наука и техонологија Tuned – Facebook апликација дизајнирана специјално за парови

Tuned – Facebook апликација дизајнирана специјално за парови

Тимот на секторот New Product Experimentation од технолошкиот џин Facebook дизајнираше апликација наречена Tuned, која е специјално наменета за парови.

Намената на оваа апликација е да ги инспирира и мотивира паровите да го споделуваат своето расположение, да разменуваат музика и да креираат дигитални споменари. Од Facebook ја карактеризираат апликацијата како приватен простор за двајца поврзани луѓе.

Tuned е поврзана со Spotify заради споделувањето музика. Преку апликацијата паровите ќе можат меѓу себе да си разменуваат фотографии, пораки, картички и гласовни пораки, додека на располагање имаат и стикери и реакции. Апликацијата е целосно бесплатна за користење и оние кои сакаат да ја користат не мора да имаат профил на Facebook, но мора да ги почитуваат правилата на социјалната мрежа. Тоа значи дека нивните податоци може да се користат за таргетирање со реклами.

Генерално, апликацијата не изгледа многу поинаку од останатите социјални мрежи на кои луѓето можат директно да комуницираат едни со други. Tuned засега е достапна само за уреди кои работат на оперативниот систем iOS.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…