Европскиот парламент дел од својата зграда ја отстапува за бездомниците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако го отстапи своето седиште во Стразбур, Европскиот парламенти дел од својата зграда во Брисел ја препушта на локалните власти за да ги смести во неа бездомниците и да подготвува оброци за здравствените работници и оние кои се погодени од кризата.

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли објави дека дел од седиштето во Брисел ќе го остави на располагање на белгискиот главен град и на регионалните власти за сместување на бездомниците и најранливите, и дека повеќе од илјада оброци ќе бидат подготвенувани секојдневно од кујните во парламентот , меѓу кои и за здравствените работници.

„Сакаме да бидеме блиски до оние кои страдаат, кои работат неуморно во болниците. Сакаме да бидеме близу до градот и граѓаните на Брисел, како и Стразбур и Луксембург, затоа што тие се нашите домаќини на кои денес им треба нашата помош. Силата на Европа лежи во нејзината можност да дејствува солидарно”, рече Сасоли во видео-пораката објавена на веб-страницата на Европскиот парламент.

Сасоли претходно објави дека седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, Франција, привремено стана центар за тестирање на коронавирус и го стави возниот парк на парламентот достапен за превоз на медицинскиот персонал.

Се очекува парламентот да одржи седници преку интернет и во помал обем во својот втор дом во Брисел од септември.