Home Актуелно Црни биланси во Европа и САД поради епидемијата на коронавирусот

Црни биланси во Европа и САД поради епидемијата на коронавирусот

Траорен ден со црна статистика поради коронавирусот вчера во Велика Британија која го достигнува својот пик. Таму во текот на вчерашниот ден починале 939 луѓе и бројката на вкупно починати се искачи на 7.097 луѓе. 60.733 луѓе се регистирани како заболени од коронавирусот.

Во последните 24 часа во Италија починаа 542 луѓе, и со тоа вкупниот број на смртни случаи се искачи на 17.669. До сега во Италија заразени се 139.442 луѓе, според worldofmeter.

Во Франција вчера починале 541 луѓе и со тоа вкупната бројка се искачи на 10869. Франција има вкупно 112950 заразени луѓе.

САД исто така ги забележува најцрните денови во однос на смртните случаи од коронавирусот. Таму вчера починале 1632 лица и сега вкупната бројка на заразени е 422800 луѓе.

Во Германија заразени се водат 111779 лица, а вчера починале вкупно 180 луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…