Ауровил – градот во кој граѓаните живеат без пари, политика и религија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако на прва звучи како некој митски измислен град од некоја филозофска книга за утопистичко општествено уредување, всушност, Ауровил е сосема реално место лоцирано во Јужна Индија, каде луѓето живеат без политика, религија или пари.

Луѓето од различни националности и култури кои се преселиле во оваа заедница, живеат во мир, користејќи посебен систем на трговија за да го добијат она што им треба.

Ауровил е основан од Мира Алфаса, која таму е позната како “Мајка”. Алфаса сакала да создаде место каде што секој би можел да живее во хармонија и соживот и да работи заедно со останатите сограѓани кон напредок. Местото е исклучително самодоволно и самоодржливо, а голем дел од своите резерви ги добива од околните фарми.

Иако Ауровил не е единствениот град од ваков вид, тој е единствениот кој добил заштита од УНЕСКО како меѓународен град. Ниту еден град не е совршен, но граѓаните на Ауровил имаат сосема поздрав живот.

Никој не може да каже сигурно кога, или дали други градови ќе го следат концептот на Ауровил, но сигурно би било интересно да се видат повеќе вакви места, кои ќе понудат сосема поинаков, далеку похуман концепт и сосема поразлична идеја за граѓанско општество од онаа која во денешно време ја практикува најголемиот дел од светот.