Audi RS4 – моќен караван движен од 530 коњски сили


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


2.9 V6 битурбо мотор сместен под капакот дава 530 КС и 680 Nm – тие се основните бројчани параметри и карактеристики кои треба да ги знаете за оваа верзија на Audi RS4 на која „рака стави“ ABT Sportsline.

И тоа значи многу, веројатно и ново ново искуство зад воланот. Верувале или не, овој наводно семеен караван стигнува до сто километри на час за 3,55 секунди и нема да се откаже до 300 км на час. Инаку, стандардниот RS4, ако може да се нарече стандарден, стигнува до 100 км на час за 4,1 секунда и може да достигне и до 250 км на час.

Она што го прави овој RS4 да се истакнува, е дизајнот. Реномираниот тјунер се определи за 21-инчни тркала и се осмели да го допре и издувните гасови. Наместо овални краеви, изборот падна на четириаголни цевки.

Ова е веројатно последниот бензинец во понудата на RS4. Следната генерација ќе биде хибридна.