Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо потврди дека Јаник Караско готово сигурно ќе го напушти клубот за да се пресели во кинескиот Далиан Ифан.
Крилниот напаѓач беше изваден од групата на фудбалери кои е во конкуренција за денешниот меч против Копенхаген во Лига Европа, а за да може да го комплетира трансферот.
Се очекува трансферот да изнесува 30 милиони евра, од кои 25% ќе завршат во касата на неговиот поранешен клуб – Монако.
Во тековната сезона Караско запиша 28 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 7 асистенции.
Меѓутоа, Белгиецот има „тежок“ карактер, прави проблеми во соблекувалната, па поради тоа Атлетико му ја отвори излезната врата.