АПЕНИНИТЕ СЕ ТРЕСАТ, комплетирана трампата на векот: Игуаин и Калдара во Милан, Бонучи во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постигнат е комплетен договор, денес се комплетира најголемата трансфер операција во поновата историја на италијанскиот фудбал.

Милан и Јувентус пред неколку дена почнаа преговори за трампа во која ќе бидат вклучени тројца фудбалери, Бонучи, Калдара и Игуаин, а синоќа беше ставено и последното делче од мозаикот.

Братот и агент на Игуаин, Николас синоќа беше на состанок со директорот на „росонерите“ Леонардо кој траеше до 3 часот по полноќ и беа договорени последните детали.

Игуаин му кажа ДА на Милан и тоа значеше дефинирање на целата операција. Двата клуба постигнаа договор за едногодишна позајмица на Аргентинецот од 18 милиони евра, а следното лето „росонерите“ ќе го откупат за додатни 36 милиони евра.

Најпрво „Пипита“ не сакаше да трансферира на позајмица, но тоа е само формула која двата клуба ја договорија за да го ибезгнат финансискиот фер-плеј. Аргентинецот ќе потпише 4-годишен договор со Милан и ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона.

Притоа, од претходно беше постигнат договор за трампа помеѓу Бонучи и Калдара. Милан и Јувентус ги проценуваат Калдара и Бонучи на 40 милиони евра и тие ќе бидат разменети „глава за глава“. Двајцата дефанзивци веќе имаат договори со новите клубови.

Во моментов адвокатите на двата клуба работат на последните детали и се очекува официјализирање во текот на денот.