„Анонимни Македонија“ до Фестим Халили: „Последно предупредување!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Граѓаните почнуваат да ве гледаат како обичен криминалец. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е уништен, му порачуваат „Анонимни Македонија“ на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили во видео пораката. Тие го обвинија Халили дека „неуспешно раководи со институцијата“.

„Се чини дека твоето познавање за програмирање, ИТ и стартап е слабо. Ова било очигледно за твоите вработени подолго време, кои со месеци се соочуваат со неподносливи услови под твое водство. ФИТР e уништен, компаниите губат пари, а работоспособни лица ја напуштаат Македонија“, се вели во пораката на „Анонимни Македонија“ до Халили кој, според нив „ги прекинал сите операции од причина што само тој и ‘Анонимните’ ги знаат“.

„Oва е последно предупредување. Мислиш дека си најпаметната личност во просторијата, но сега запозна некој на твое ниво. Ние сме „Анонимни“, ние сме легија. Очекувај нѐ “, се вели во видео-пораката.