Ангеловски: Ова е само почеток на оваа генерација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа оствари многу важна победа на гости во Израел, а селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството.

Ангеловски потенцираше дека треба да бидеме горди на играчите и дека ова е само почеток на оваа генерација.

„Оваа победа доаѓа во многу важен момент. Големо задоволство ми е што со три бода се враќаме во Скопје. Конечно фудбалерите добија награда за прикажаното. Не треба да се залетуваме, ова е само почеток на оваа генерација. Доминиравме, создадовме повеќе шанси од противникот и целосно заслуживме триумф. Ова е млада селекција, не може да нема грешки, но верувам во оваа селекција. Kапитенот Пандев денеска ја поведе репрезентација и покажа дека е лидер на националниот тим. 10 години не сме победиле тим кој е меѓу 50 на ФИФА листата и треба да бидеме задоволни“, изјави селекторот Ангеловски.

Македонската репрезентација веќе во вторник го игра следниот меч во квалификациите, против Албанија во Струмица.