Анчелоти спреми милиони за ѕвездата на Реал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен се вклучува во трката по Хамес Родригез откако тренерот Карло Анчелоти самиот побарал раководството на клубот да се обиде да го доведе одличнот колумбиски фудбалер на „Алијанц арена“.

Трофејниот италијански стратег имаше одлична соработка со Хамес во 2014 година во Реал Мадрид, па всушност Колумбиецот ја имаше најдобрата сезона токму под палката на Анчелоти.

На лето Хамес готово сигурно ќе ја менува средината, па Анчелоти сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе во Баерн Минхен.

Германските медиуми тврдат дека иднината на Даглас Коста во Баерн е неизвесна, па Хамес Родригез би бил одлична замена за Бразилецот, но и за Робен кој е веќе на залаезот на кариерата.