Home Спорт Анчелоти: Финалето на Купот ќе го гледам со дрес на Милан!

Анчелоти: Финалето на Купот ќе го гледам со дрес на Милан!

Еден од најуспешните италијански тренери, Карло Анчелоти со нетрпение го очекува финалето на Купот на Италија помеѓу Милан и Јувентус.

Анчелоти во минатото ги предводеше и двата тима, но остави огромна трага во историјата на „росонерите“ и не крие дека е голем навивач на Милан.

Искусниот стратег изјави дека мечот кој ќе се игра на „Олимпико“ ќе го гледа со дрес од Милан.

„Ќе го гледам финалето на Купот и ќе навивам за Милан, облечен во дрес на „росонерите“. Гатузо заврши фантастична работа и му даде идентитет на тимот. Милан на најдобар можен начин се подготвува за овој меч и треба да биде внимателен, бидејќи Јувентус е тим кој тешко се победува“, изјави Анчелоти.

„Ги познавам новите директори Фасоне и Мирабели и се надевам што поскоро Милан да го вратат на врвот. Што се однесува до мојата иднина сигурно нема да се вратам во Италија. Сакам да водам некој клуб, но можно е да останам уште една година слободен“, додаде италијанскиот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…