Амазонија – дивиот дождовен рај на гордиот Амазон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Амазонија, најголемата дождовна шума на светот која се наоѓа долж Амазон, се протега на најголем дел од сверозападот на Бразил, Колумбија и Перу.

Но, човечката бескрупулозна активност на човештвото деструктивно влијае врз егзистенцијата на оваа дождовна шума, па како последица на тоа, голем дел од нејзиниот биодиверзитет е уништен.

1) Дождовната шума се протега на површина од 6.7 милиони километри квадратни, што е двојно повеќе од големината на Индија

2) Реката Амазон е долга повеќе од 6600 километри

3) Благодарение на нејзината големина, дождовната шума е дом на 10% од светски познатите видови на жив свет.

4) Амазонијата е исто така дом на 350 етнички групи, како што е Индијанското племе Хуни Куи.

5) Рибата пиракус е најголемата слатководна риба во Јужна Америка, и е дозволено да се лови само еднаш во годината.

6) Некои од Амазонските племиња живеат во комплетна изолација без никаков контакт со остатокот од цивилизацијата, а на сликата е прикажана реакцијата на едно такво племе на авион кој што ги надлетува.

7) За жал, во последните 50 години, 17% од шумата е изгубена.

8) Причина за тоа се и луѓето – па дрвата кои претходно беа дел од огромната џунгла, а сега сите се исечени, најчесто нелегално.

9) Покрај неконтролираната сеча на дрвја, илегалното копање злато исто така претставува сериозен проблем.