Home Актуелно „Alibaba“ руши рекорди – за 2 минути потрошени 1,4 милијарди долари

„Alibaba“ руши рекорди – за 2 минути потрошени 1,4 милијарди долари

Онлајн купувањето доживеа поставување на нов потрошувачки рекорд на „Денот на самците“. Овој ден е познат по тоа што онлајн продавниците нудат солидни попусти кои секогаш предизвикуваат масовна потрошувачка хистерија кај клиентите.

Кинескиот трговски гигант „Alibaba“ помпезно го најави почетокот на онлајн продажбата во својот „интернет трговски центар“, а после само две минути и пет секунди од почетокот на истата, беше поставен нов потрошувачки рекорд со продажба на производи во вредност од 1,4 милијарди долари.

„Денот на самците“ во деведесетите години го воведе еден студент како пандан на „Денот на вљубените“. На кинески овој ден се нарекува и „двојна 11 – ка“, поради датумот 11.11.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …