Акција на специјалната единица „Тигри“ во Грчец – уапсен наркодилер гонет со меѓународна потерница


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Припадници на специјалната единица „Тигри“ опколиле познат нарко дилер на возраст од 45 години, кој се обидел да избега но успеале да го совладаат и приведат.

Според информациите нарко дилерот бил дел од истрагата на ОЈО за ГОКК со кодно име „Планина“.

А1Он пренесува дека од МВР го потврдија случајот.

Дилерот од Грчец бил баран со потерница.

„Денеска (29.08.2023) околу 11.40 часот полициски службеници од Оперативен Тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во с.Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од с.Грчец, баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода. При тоа, кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми. И.М. ќе биде предаден на надлежното обвинителство.“, велат од МВР