Актерот Том Хенкс заразен со коронавирус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот холивудски актер и оскаровец Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, се позитивни на коронавирус, пренесоа британските медиуми.

Славниот актер се заразил со коронавирус додека работел на филм во Австралија. Хенкс вурусот и го пренел и на сопругата актерката Рита Вилсон.

„Се чувствуваме малку заморено, како кога имаме вироза и болки. Да бидеме јасни , како што во моментов се препорачува се тестиравме на коронавирус и утврдено е дека сме позитивни“, напиша на својот профил на Твитер Том Хенск.

Тој воедно наведува дека „двајцата ќе бидат следени и изолирани“ онолку долго колку што е потребно.