Дали коронавирусот ќе ги одложи предвремените избори во април?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главна тема на денешната лидерска средба помеѓу лидерите на партиите закажана на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски ќе биде прашањето за мерките против ширењето на коронавирусот, што укажува оти ќе треба да се даде одговор и на прашањето дали изборите ќе се одржат на 12 април.

На оваа тема претходно се изјаснија министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека е тешко да се предвиди како ќе се развива состојбата, како и лидерот СДСМ Зоран Заев кој смета дека изборите треба да се одржат.

Спасовски за денеска закажа и координација на политичките партии поврзана со спроведувањето на владимите мерки за справување со заразата.