Home Живот и здравје Ако уште се мачите со настинка, овој напиток му е мајката како лек

Ако уште се мачите со настинка, овој напиток му е мајката како лек

Црното вино варено со ароматични зачини и со мед е вкусно и лековито. Богато е со витанин Ц што го прави мелем за јакнење на имунитетот, а состојките кои се додаваат го зголемуваат антивирусното дејство.

Подготовката е многу едноставна. Загрејте чаша вино, а потоа додајте чаша вода, лажица мед, малку црн пипер, четири каранфилчиња, мала лажичка цимет и лушпа од портокал. Сето тоа варете го на умерена температура и кога ќе се загрее, но пред да зоврие, тргнете го од ринглата. Може да се додаде и ѓумбир и лимон, кои исто така се богати со витамин Ц и даваат побогат вкус.

Испијте го виното додека е топло, а бидејќи ќе се испотите после овој „еликсир“ излегувањето одложете го за подобри денови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што ако не сакате деца? Како искрено да му кажете на партнерот, без да ги повредите неговите чувства

Ве молиме испратете го текстот што сакате да го преведам на македонски јазик. …