Home Шоубизнис Објавена причината за смртта на Метју Рајт, извршниот продуцент на шоуто на Елен Деџенерис

Објавена причината за смртта на Метју Рајт, извршниот продуцент на шоуто на Елен Деџенерис

Селфи на Метју Рајт пред ресторан од синџирот „Френдлис“.

Потврдена е причината за смртта на Метју Рајт, извршниот продуцент на „Шоуто на Елен Деџенерис“, кој почина на 30 октомври на 52-годишна возраст.

Според потврдата за смртта до која дојде магазинот „Пипл“, Рајт починал од срцево-белодробен застој, а како основно заболување е наведена хипертензија. Како дополнителни здравствени состојби што придонеле за смртта се наведени дебелина од втор степен и опструктивна апнеја при спиење.

Во објавата на платформата GoFundMe било наведено дека тој „починал ненадејно, но мирно, во сон“ во петокот, на 30 октомври, во Лос Анџелес. Во тој период престојувал таму и работел од далечина.

„Сонцето можеби прерано зајде за нашиот волшебен Мети, но споменот за него продолжува да живее во сите живописни бои на небото“, напишале неговите блиски.

По веста за неговата смрт, и Елен Деџенерис му оддаде почит.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со пријателството на Сијара Милер, внучето на Салма Хајек и други вести за познатите

Меѓу вестите од светот на познатите, спортот и забавата на 6 ноември 2026 година е и реакц…