Ако уште некој не знае зошто Меси е ГОЛЕМ човек – еве уште еден доказ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дека Лионел Меси е голем мајстор на фудбалската игра тоа е добро познато, докажа и вчера против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите кое Барселона го доби со 3:0.

Меси постигна два гола, а вториот беше вистинско ремек дело од слободен удар. Меѓутоа и после една таква магична вечер Меси не заборави на Икер Касиљас кој во текот на вчерашниот ден претрпе срцев удар.

Аргентинецот после завршувањето на натпреварот преку неговиот Инстаграм профил му посака брзо закрепување на Касиљас со кого долги години водеа големи битки на терените додека Икер го бранеше голот на Реал Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

„Среќен сум за денешниот резултат, но сега имаме натпревар на „Енфилд“ каде што Ливерпул игра одлично. Ова е најважниот дел од целата сезона. Сакам за крај и да ја искористам приликата да му испратам прегратка и брзо закрепнување на Икер Касиљас“, гласи описот под фотографијата која ја објави Меси.

Меси и Касиљас долго време беа големи ривали во Шпанија, меѓутоа Меси со овој потег покажа дека секогаш имал почит кон легендарниот шпански голман кој после овој немил настан би можел и да стави крај на кариерата.