Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед засега не е онака како што очекуваа навивачите, на клубот не му оди.
Денес во островските медиуми се појави и изненадувачка вест дека Роналдо ќе си замина од „Олд Трафорд“ ако тимот не избори место во Лигата на шампионите.
Како што се наведува Роналдо не сака да игра во Лигата на Европа и ќе ја промени средината ако Јунајтед не заврши во топ четири на крајот на сезоната. Освен резултатските проблеми, вчера се пишуваше и дека Роналдо има проблем со Оле Гунар Солскјер. Наводно тој заедно со неговиот сонародник Бруно Фернандеш предводеле бунт против Норвежанецот.
Во овој момент Манчестер Јунајтед после 11 кола во Премиер лигата се наоѓа на шестата позиција со 17 освоени бодови.