Home Спорт Ако Манчестер Јунајтед не избори пласман во Лига на шампиони, Роналдо може да си замине од клубот

Ако Манчестер Јунајтед не избори пласман во Лига на шампиони, Роналдо може да си замине од клубот

Враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед засега не е онака како што очекуваа навивачите, на клубот не му оди.

Денес во островските медиуми се појави и изненадувачка вест дека Роналдо ќе си замина од „Олд Трафорд“ ако тимот не избори место во Лигата на шампионите.

Како што се наведува Роналдо не сака да игра во Лигата на Европа и ќе ја промени средината ако Јунајтед не заврши во топ четири на крајот на сезоната. Освен резултатските проблеми, вчера се пишуваше и дека Роналдо има проблем со Оле Гунар Солскјер. Наводно тој заедно со неговиот сонародник Бруно Фернандеш предводеле бунт против Норвежанецот.

Во овој момент Манчестер Јунајтед после 11 кола во Премиер лигата се наоѓа на шестата позиција со 17 освоени бодови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…