Агентот: Ракитиќ е среќен во Барса, но би можел да игра во Англија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иван Ракитиќ веќе неколку сезони игра фантастично во дресот на Барса, па многу европски гиганти, пред се од Премиер лигата се интересираат за неговиот потпис.

И покрај големиот интерес од англиските клубови неговиот агент, Артуро Каналес тврди дека шансите Ракитиќ да ја напушти Барса се многу мали, но сепак не ја исклучува можноста Хрватот да заигра во Англија.

„Иван е многу среќен во Барселона, за која настапува успешно и со која има договор до 2019 година. Тој го сака фудбалот, но има само 28 години. Има искуство во Швајцарија, Германија и Шпанија, можеби еден ден ќе заигра и во Англија. Сега засега е среќен во Барса“, изјави агентот.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека двете страни се заинтересирани за продолжување на соработиката и наскоро Ракитиќ ќе попише нов договор со Барса.