Аеродромско чудо од 10 милијарди евра – ова го можат само Кинезите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После четиригодишна изградба и три месеци пред првично предвидениот рок, Кина ги заврши градежните зафати на мегаломанскиот аеродром во Пекинг кој е и најголем на светот, чија конечна вредност изнесува 10 милијарди евра.

Станува збор за аеродромот „Златен Феникс” , кој се простира на 1,03 милиони квадратни метри, што е површина со зафатнина колку 144 фудбалски игралишта. Главните градежни работи завршија завчера, а официјалното свечено отворање е закажано за 30 септември.

За изгледот на аеродромот во облик на голема морска ѕвезда, заслугата оди кај починатата британско-ирачка архитектка Заха Хадид.

Внатрешноста е карактеристична со искривените линии и користењето на светло , кое се филтрира преку застаклени отвори на покривот, сè до најниските нивоа на зградата.

Под аеродромот има железничка и метро линија, така што патниците ќе стигнат во центарот на Пекинг за само 20 минути.

„Златниот Феникс“ кој е сместен ан 46 километри од централниот плоштад Тјенанмен во Пекинг, може да прими 72 милиони патници годишно, а со полн капацитет ќе проработи во 2025 година.