Адвокатите и Кацарска „на иста фреквенција“ – судот, а не судијката да одлучува за амнестијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дел од адвокатската фела, поточно адвокатите кои ги застапуваат обвинетите во судскиот процес за „крвавиот четврток“, не на ист став како и судијката Добрила Кацарска, дека не таа, туку судот треба да ја преземе одговорноста да одлучува кој ќе биде амнестиран во рамки на законските одредби со новоусвоениот закон за амнестија.

Во меѓувреме од судот молчат. После неколку дневниот пинг понг со барањата за амнестија кој бил на релација Кацарска – кривичен совет, решенијата останале кај судијката. Таа денеска го води последното рочиште пред завршните зборови, но не одговара на прашањата што ќе прави откако вчера изјави дека и по цена на разрешување останува на тоа дека е ненадлежна за амнестиите. Во меѓувреме последна бројка на поднесени решенија се 29 од најголемиот процес и 35 од останатие кои се поврзани со крвавиот четврток. Петтемина кои не бараат амнестија се Игор Југ и Јане Ченто од патриотските здруженија, Митко Чавков и Душко лазаров од командниот штаб, и Игро Дурловски од за заедничка македонија. За разлика од Дурловски останатие негови колеги од иницијативата одлучија сепак да бараат амнестија.

Адвокатите на оние кој не прифатија да бидат амнестирани велат дека законот наместо да обединува внесе раздор.

Извор: Телма